• Иван Димовски
Холандската олимпијка Сузан Шултинг успеа да постави светски рекорд во брзо лизгање во четвртфиналната трка на 1.000 метри.
Со времето од 1:26,514, освен што Шултинг се пласираше во следната фаза и беше најдобра во конкуренцијата, постави и најбрзо време во светот на овие трки. Бранителката на златото од Пјонгчанг трнга одлично во својата „омилена“ категорија и покажа брзина која ќе биде тешка за достигнување.
И покрај тоа што има само 24 години, Шултинг е двократна светска првенка, трипати беше европска првенка и освои злато на Олимписките игри во 2018 година, а ќе нападне најсјајно одличје и сега во Пекинг.