Работни средби на Димевски со Колинда Грабар-Китаровиќ и Јохан Елиаш

Во отсуство на настапи на македонските олимпијци во овој период од Зимските Олимписки Игри, македонската делегација во Пекинг оствари неколку работни средби. Покрај редовните средби со канцеларијата на Инернационалниот олимписки комитет, Олимписката солидарност, претседателот на МОК, Даниел Димевски одржа работни среби и со претставниците на меѓународните спортски федерации, меѓу кои и со претседателот на Меѓународната скијачка федерација (ФИС), Јохан Елиаш. 

На овој состанок се разговараше за многу важни теми од значење за развојот на Скијачката федерација на Македонија (СФМ) и воопшто на скијањето. Претседателот на ФИС даде апсолутна поддршка на сите барања од страна на претседателот на МОК, Даниел Димевски кој воедно и го покани претседателот на ФИС да ја посети Македонија, МОК и СФМ. 

Димевски се сретна и со членот на ИОК, Колинда Грабар-Китаровиќ, која е и претседател на ИОК Комисијата за идни домаќини на Олимписките игри, како и член на ИОК Комисиите за односи со јавност и Социјален развој преку спортот, со која разговараше за нови проекти и активности во однос на долгорочниот развој на олимпизмот и спортот во Македонија.