• Зоран Мишевски

Церемонијата на отворањето на Олимпијадата во Париз ќе биде нетипично шоу во кое уметниците и спортистите заедно ги слават Париз и реката Сена.
За разлика од претходните Олимписки игри, церемонијата на отворање во Париз нема да се одржи на стадион. Наместо тоа, десетици чамци ќе превезуваат илјадници спортисти и изведувачи на патека долга шест километри долж Сена.
„Ја знаеме важноста на церемонијата на отворање на Олимписките игри. Тоа е клучно за спортистите, клучно е за земјата што го организира. Сакаме оваа церемонија на отворање да ја претстави целата амбиција на Париз - смели, нетипични игри, кои го покажуваат најдоброто од Франција“, велат организаторите.
Повеќе од 300.000 гледачи ќе гледаат од бреговите на реките, а стотици милиони се очекува да гледаат на ТВ екраните.
Олимпијадата ќе се одржи од 26 јули до 11 август, додека Параолимпијадата ќе се одржи од 28 август до 8 септември.