• Зоран Мишевски

Интересот на навивачите и љубителите на спортот за Летните Олимписки Игри ги надмина сите очекувања. И кај организаторите и кај навивачите имаше скептицизам дека високите цени на билетите ќе придонесат за помал одѕив, но реалноста е поинаква, од моментот кога се пуштени во продажба, билетите се продаваат како алва.
„Четиринаесет месеци пред Игрите продадовме речиси 6,8 милиони билети. Тоа ни покажува колкав ентузијазам постои. Тоа е голем успех и ги надмина нашите очекувања“, вели директорот на Олимписките Игри во 2024 година, Тони Естанке.
Естанке прецизира дека 5,2 милиони билети од вкупно осум што им се достапни на фановите ширум светот се продадени во две фази, а втората е штотуку завршена. Околу три милиони билети се уште се во оптек за продажба.
Олимписките игри се одржуваат од 26 јули до 11 август следната година.