Проблеми за организаторите на ОИ, украден лаптоп со плановите за обезбедување на Париз

За нешто помалку од пет месеци ќе стартуваат Олимписките игри во Париз, а градот и Франција веќе работат на сите безбедносни протоколи и подготовка за овој настан. 

Организаторите се соочија со проблем, бидејќи на полициски службеник му е украдена чанта со лаптоп и два УСБ уреди со полициските планови за обезбедување на Игрите во Париз. Според информациите, случката се случила на северната железничка станица во градот на светлината. 

Во моментов париската полиција врши истрага и се обидува да ја најде технологијата со чувствителни информации. 

Инаку, Париз за обезбедување на градот ќе повика 2.000 специјални агенти, кои ќе ги водат вкупно 35.000 припадници на безбедносните сили за време на Олимписките игри.