ВИДЕО: Претставувањето на Македонија на Специјалната Олимпијада во Абу Даби

Специјална Олимпијада Македонија

Денес официјално беа отворени Летните олимписки игри на Специјална олимпијада, кои ќе се одржат во Абу Даби и ќе траат до 21 март.

Македонската делегација брои 26 члена кои ќе се натпреваруваат во три дисциплини. Нашите натпреварувачи медалите ќе ги бараат во пливање на 50 и 100 метри и штафета, атлетика и јунифајд кошарка и ревијално танцување.

Погледнете го претставувањето на нашата држава на Специјална Олимпијада во Абу Даби:

Абу Даби и Дубаи се домаќини на повеќе од 7.000 атлети, од 190 земји од светот кои ќе се натпреваруваат во 24 спортови.