Потврден допингот на младата Камила Валиева!

Камила

Лабараторија од Шведска го потврди користењето недозволени супстанци од страна на Русинката Камила Валиева.

Тоа значи дека 15-годишното чудо од дете ќе остане без златниот медал на Зимските Олимписки Игри во Пекинг. Утврдено е дека руската натпреварувачка во уметничко лизгање користела лек кој е на листата на забранети, а кој се користи за лекување на срцеви заболувања.

Руската антидопинг агенција ја укина автоматската суспензија на Валиева, која се доделува во вакви случаи. Меѓународниот Олимписки Комитет не може официјално да ги објави резултатите, бидејќи Русинката е заштитена поради нејзината возраст.

Интернационалниот Олимписки Комитет ќе поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана во врска со суспензијата на талентираната олимпијка.