Потпишан меморандум за стратешка соработка помеѓу МОК и ФИТР

Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) потпишаа долгорочна стратешка рамка. Овој Меморандум претставува важен чекор кон иднината на спортот и иновациите во нашата земја

Олимпискиот комитет објави дека со оваа соработка се стреми кон:

- Поттикнување и поддршка на иновативни решенија во спортот,
- Подобрување на пристапот до финансирање и развој за спортската заедница,
- Развој на нови спортски технолошки решенија преку јавни повици и програми на ФИТР,
- Јакнење на свеста кај младите спортисти за важноста на иновациите, претприемништвото и технолошкиот напредок.

Проектот е финансиран преку Олимписката солидарност, што уште еднаш го потврдува нашиот ангажман во градење капацитети и отварање нови можности за спортистите.

За Македонскиот олимписки комитет (МОК) оваа соработка е и пример за важноста на спортската дипломатија – мост меѓу спортот, технологијата и институционалната поддршка, со цел создавање на подобро утре за нашите млади таленти.