• Горан Упале
Полскиот атлетичар Норберт Кобиелски е привремено суспендиран поради допинг, неколку дена пред почетокот на Олимписките игри во Париз, соопшти Атлетската агенција за интегритет (АИУ).
АИУ соопшти дека Кобјелски е привремено суспендиран поради позитивен тест на метаболитот норефедрин пентедрон.
Кобјелски на Европското првенство во сала во Глазгов го освои седмото место, а на Светското првенство во Будимпешта беше десетти во скок во височина.
Тој требаше да ја претставува Полска на Игрите кои започнуваат на 26 јули, а квалификациите за скок во височина се закажани за 7 август.