ВИДЕО: Под мотото „Ајде да се движиме“ свечено одбележан Олимпискиот ден

Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) во партнерство со амбасадите на Република Грција и Република Франција, East Gate Mall и Општина Аеродром, денес го одбележа Олимпискиот ден, настан кој ја слави моќта на спортот да ги зближи луѓето во мир.

Настанот се одржа според мотото „Ајде да се движиме“ , бидејќи Олимпискиот ден е многу повеќе од трчање или само спортски настан. 

Врз основа на мотото „Движете се, учете, откријте – Заедно за подобар свет“, Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), заедно со своите партнери, го искористи овој настан за многу спортски, културни и едукативни активности наменети за секого – без разлика на возраста, полот, социјалното потекло или спортските способности и на овој начин сите учесници станаа дел од Олимпискиот ден.