• Зоран Мишевски

Вчера со церемонијата на свечено затворање официјално завршија Европските игри во Краков.
Последниот наш адут, кајакарот Анѓел Петрушев не успеа да се квалификува во следната рунда од натпреварувањето. Тој настапи во кајак-крос и постигна време од 70:20 секунди во многу силната конкуренција и поискусни кајакарии го зазеде 26 место од 52 натпреварувачи.
Со настапот на Петрушев, македонските спортисти го завршија настапот на Европските игри 2023 во Краков. Најистакнат беше теквондистот Дејан Георгиевски, кој го освои сребрениот медал.