Пет медали за македонските атлети од Светските Специјални Игри во Берлин

Атлетите од Специјалната Олимпијада од Македонија освоија пет медали на Светските Специјални Олимписки Игри во Берлин.

Со одличје се закитија: Агрон Хајредини (златен медал, атлетика - скок во далечина од место), Јулијана Петровска (сребрен медал, атлетика - скок во далечина од место), Стефан Трпковски (сребрен медал, пливање - категорија 100 метри грбно), Марио Мицковски (бронзен медал, пливање - категорија 100 метри слободен стил), Јане Никодиновски (бронзен медал, бадминтон)

На Игрите учествуваа над 7.000 атлети од 190 земји. На Светските Специјални Олимписки Игри македонската делегација ја преставуваа тринаесет атлети, шест тренери, шест партнери и пет делегати.