Параолимпијадата во Лос Анџелес со рекорден број сетови медали

Интернационалниот Параолимписки Комитет неодамна потврди дека на Параолимписките игри во Лос Анџелес 2028 година ќе се одржат 552 натпревари, на кои ќе се доделуваат медали во 23 спортови, со вкупна квота од 4.400 спортисти.

Во оваа рамка, најзначајниот развој е напредокот кон поголема родова еднаквост и разновидност, со 243 натпревари кај жените (44%), 263 кај мажите (48%) и 46 мешани или отворени натпревари (8%).

Вкупно 1.967 медали ќе бидат доделени на женски параолимпијци, 2.228 на мажи, а 205 ќе бидат без родов распоред, што претставува, „најрамномерната програма за медали и квота за спортисти во историјата на Параолимписките игри“.