• Саше Љолес
Олимпискиот тим на Палестина денес беше дочекан со овации на аеродромот во Париз, а организаторите им посакаа на спортистите топло добредојде и рекоа дека нивното присуство ќе претставува симбол протест против крвавата војна помеѓу Израел и Хамас.
Пливачот Јазан Ал-Баваб изјави дека експедицијата дошла во Париз, без оглед на фактот што Франција не ја признава Палестина како држава.
„Некои луѓе сметаат дека ние не припаѓаме на овој свет, но кога ќе дојдеме тука да се натпреваруваме, и тие сфаќаат дека сите сме еднакви. Дојдов со гордост да го носам палестинското знаме“, рече Ал-Баваб.
На аеродромот присуствуваа неколку илјади Палестинци, а амбасадорката во Франција, Хала Абу, ја повика државата уште еднаш да ја преиспита својата одлука и формално да ја признае Палестина како независна држава.