Падна рекордот по бројот на продадени билети за Олимписките игри

Веќе е поставен нов рекорд според продажбата на билети за Олимписките игри во Париз. 

Досега на две седмици пред стартот на Игрите се продадени рекордни 8,6 милиони карти. Досегашниот рекорд го држеа Олимписките игри од 1996 година кои се одржаа во Атланта. 

Организаторите на Олимписките игри во Париз имаат зацртана цел за продажба на десет милиони влезници. Стартот е закажан за 26 јули, а Игрите ќе траат до 11 јули.