Отворено Олимпиското село, во него ќе престојуваат 14.500 олимпијци

Олимписките игри започнуваат на 26 јули, а на осум дена пред стартот официјално е отворено Олимпиското село каде што ќе престојуваат спортистите. 

На 54 хектари во Париз се простира Олимпиското село во кое ќе престојуваат преку 14.500 спортисти и членови на делегациите. Селото ќе се наоѓа северно од Париз, а по крајот на Олимписките игри ќе добие нова намена. Таму ќе се направи еколошки одржлива населба во која ќе има услови за 6.000 жители, со две училишта, хотел, парк, маркети... 

Церемонијата за отворање на Олимписките игри е закажано на 26 јули, за во 19:30 часот. Игрите ќе траат до 11 август во „градот на светлоста“.