ВИДЕО: Отворени Европските игри во Краков, Павлов и Рељиќ го развиорија македонското знаме

Милијана Рељиќ и Емил Павлов беа знаменосци на Македонија на свеченото отворање на Европските игри во Полска.

Таеквондистот Дејан Георгиевски, кој со сребрениот медал во Токио го оствари најголемиот успех на Македонија, е најзвучното име меѓу седумнаесетте македонски спортисти на третите Европски игри во Полска, отворени синоќа во Краков.

Покрај Георгиевски, македонски адут за медал е и двократниот европски првак во карате Дејан Павлов, кој на свеченото отворање го носеше знамето на Македонија заедно со таеквондистката Милијана Релјиќ.

Боите на Македонија на Игрите ги бранат и стрелачите Анастасија Мојсовска и Мартин Ангелески, таеквондистката Анамарија Георгиевска, текболистот Димитар Пејчиновски, кајакарите Ангел Петрушев, Никола Малески и Владимир Малески, мечувалците Никола Николовски, Петар Србиноски, Петар Дамјаноски и Матеј Тодороски, како и боксерите Озмен Илхан Атила, Ален Рустемовски и Арјан Исени.

На борилиштата први се појавија браќата кајакари Никола и Владимир Малески, кои во К2 на 500 метри завршија последни меѓу осум земји во својата квалификациска група.