Отворен Европскиот олимписки фестивал, џудистот Магдески македонски знаменосец

Македонската спортска делегација се наоѓа во Марибор, каде се одржува Европскиот Олимписки младински фестивал. Имаме претставници во џудо, пливање, атлетика и гимнастика. Свеченото отварање се одржа синоќа, a џудо репрезентативецот Никола Магдески ја имаше честа да биде знаменосец.

Во 1991 година, првиот настан за млади спортисти, сега познат како Европски младински олимписки фестивал (EYOF), се одржа во Брисел. Оттогаш, летниот и зимскиот EYOF се одржуваат на секои две години. Во Марибор ќе се натпреваруваат спортисти од единаесет различни спортови: атлетика, кошарка, ракомет, џудо, уметничка гимнастика, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, скејтбординг, пливање, тенис и одбојка.

„Со повеќе од триесет години традиција, Европскиот младински олимписки фестивал е најголемиот мултиспортски настан за спортисти од 14 до 18 години. Летните изданија имаат околу 3.600 спортисти, додека зимските околу 1.600“, велар организаторите на манифестацијата во Марибор.

За првпат спортовите како што се скејтбординг, планински велосипедизам и кошарка 3x3 се вклучени во EYOF.