Олимпискиот оган ќе биде запален на 16 април, па ќе заврши на Ајфеловата кула

Организаторот покажува спремност за Летните Олимписки Игри во Париз следното лето. Олимпискиот оган за Игрите 2024 во Париз ќе биде запален на 16 април идната година во древната Олимпија, објавија организаторите на најголемата спортска светска манифестација која од 26 јули до 11 август ќе се одржи во француската престолнина.

Олимпискиот оган до 27 април ќе остане на територијата на Грција, кога од Атина по морски пат ќе биде пренесен во францускиот пристаништен град Марсеј.

Штафетата со олимпискиот оган ќе продефилира низ улиците на Париз на 14 и 15 мај идната година.

Sветските агенции претходно јавија дека олимпискиот оган ќе биде запален на Ајфеловата кула, еден од најпрепознатливите симболи на Париз и Франција.