• Иван Димовски
Олимписката шампионка во планински велосипедизам, Јоланда Неф, непосредно пред Олимписките игри во Париз мораше да се повлече.
Сојузот на Швајцарија наведе дека Неф со години има проблем со дишењето и поради тоа нема да биде дел од делегацијата на Игрите. Ова е голем удар за Швајцарците, кои ослабени патуваат за Париз, бидејќи во Јоланда Неф имаа сигурен конкурент за медал.
Освен Неф, настапот во Париз го откажа и Марлен Ројсер поради болест. Таа е вицепрвенка во хронометар.
Нивните места ќе ги заземат Сина Фреј и Алесандра Келер. Швајцарија е најдобро рангирана во планински велосипедизам, па и покрај отсуствата ќе бидат конкурентни за медали.