Од Ролан Гарос до „Паркот на принцовите“: Сите борилишта на Олимписките игри во Париз

Олимписките игри во Париз се веќе започнати, се очекува и свеченото отворање, а натпреварите на овој најголем планетарен собир ќе се одржат на вкупно 33 олимписки борилишта. 

Комплетниот список на борилишта за Олимписките игри во Париз 2024 година: 

1. „Понт Александре“, изграден во 1900 година, реновиран пред две години: Тука ќе се одржуваат дел од натпреварите во велосипедизам, триатлон и пливање. 

2. Центар за водени спортови, изграден годинава, со капацитет од 6.000 седишта - синхронизирано пливање, скокови во вода и ватерполо. 

3. „Арена Берси“, изградена во 1984 година, со капацитет од 20.300 седишта - овде ќе се одржат мечевите во кошарка и гимнастика. 

4. Стадионот „Бордо“, изграде во 2015 година, со капацитет од 42.115 гледачи - фудбал во машка и женска конкуренција

5. „Арена Шам де Марс“, изградена во 2021 година, со капацитет од 8.000 гледачи - бадмингтон и ритмичка гимнастика. 

6. „Арена Порт де Шапел“, изградена во 2024 година, со капацитет од 8.000 гледачи - џудо и борење. 

7. Центар за стрелаштво „Шатору“, изграден во 2017 година, со капацитет од 3.000 гледачи. 

8. Арена „Ла Дефенсе“, изградена во 2017 година, со капацитет од 40.000 гледачи - пливање и ватерполо.

9. Теренот покрај Ајфеловата кула, поставен годинава, со капацитет од 12.800 гледачи - обојка на песок. 

10. Планината „Еланкурт“ - ридски велосипедизам. 

11. Хотел „Де Виле“, изграден 1871 година, дел од рутата за маратонските трки

12. „Гранд Палас“, изграден 1900 година, со капацитет од 8.000 гледачи - мечување и таеквондо

13. Домот на инвалиди во Париз, изграден 1670 година, со капацитет од 8.000 гледачи - стрелаштво и велосипедизам.

14. Центар за спортско качување „Ле Буже“, изграден годинава, со капацитет од 5.000 гледачи. 

15. Плоштадот „Ла Конкорд“, со капацитет од 30.000 гледачи - кошарка 3x3, скејтборд и BMX фристајл. 

16. Голф терените „Ле голф национал“, изграден 1987 година, со капацитет од 35.000 гледачи. 

17. Стадионот „Пјер Моро“, изграден 2012 година, со капацитет од 50.000 гледачи - кошарка и ракомет

18. Стадион „Велодром“ во Марсеј, изграден 1996 година, со капацитет од 50.000 гледачи - фудбал

19. Стадионот во Лион, со капацитет од 59.000 гледачи - фудбал во машка и женска конкуренција

20. Марина за едрење во Марсеј, изградена во 1996 година, со капацитет од 5.000 гледачи. 

21. Стадионот „Ла Беажур“, изграден 1984 година, со капацитет од 35.000 гледачи - фудбал во женска конкуренција

22. Стадионот во Ница, изграден во 2013 година, со капацитет од 35.000 гледачи - фудбал во машка конкуренција

23. Стадионот „Парк на принцевите“ во Париз, изграден 1972 година, со капацитет од 80.000 гледачи - атлетика и рагби.

24. Севернопариската Арена, изградена оваа година, со капацитет од 6.000 места - модерен петтобој и бокс

25. „Ролан Гарос“, изграден 1928 година, капацитет од 36.000 гледачи - тенис и бокс. 

26. Јужнопариската Арена, изградена во 1923 година, со капацитет од 12.000 гледачи - одбојка, ракомет, пинг-понг и кревање тегови. 

27. Стадионот „Џефри Гишард“, изграден 1931 година, со капацитет од 42.000 седишта - фудбал. 

28. „Теапупо Тахити“, изграден во 2023 година, со капацитет од 5.000 гледачи - сурфање

29. Плоштадот „Трокадеро“, со капацитет од 13.000 гледачи - велосипедизам и атлетика

30. Комплексот „Сен Квентин“, изграден 2014 година, со капацитет од 6.000 гледачи - велосипедизам

31. Версајскиот комплекс, изграден во далечната 1661 година, со капацитет од 40 до 80 илјади гледачи - коњички спортови и модерен петтобој. 

32- Комплексот „Ваирес Сур Марне Наутикал“, изграден во 1989 година, со капацитет од 22.000 гледачи - кану и веслање

33. Стадионот „Ив ду Маноа“, изграден 1907 годинал, со капацитет од 14.000 гледачи - хокеј на трева. 

Олимписките игри во Париз траат од 26 јули до 11 август, иако на голем дел од дисциплините натпреварите започнаа уште пред неколку дена.