Нов скандал во Токио: Поради шега со холокаустот сменет директорот на отворањето на ЛОИ

Многу контроверзии и скандали ги следат овогодишните Летни олимписки игри. Од сите проблеми со коронавирусот, пишувањето петиции и барањето да бидат откажани, незадоволството на спортистите од организацијата, до најновите вести - директорот на церемонијата на Олимписките игри, Кентар Кобајаши, доби отказ.

Кобајаши наводно пред неколку години се пошегувал на сметка холокаустот, кој повторно стана актуелен пред игрите.

„Длабоко се извинувам за предизвиканите проблеми и грижи кај многу од засегнатите луѓе, како и за жителите на Токио и Јапонија“, рече Сеико Хашимото, кој е на чело на организацискиот комитет.

Меѓународната еврејска организација соопшти дека учеството на Кобајаши на Олимписките игри го навредува сеќавањето на шест милиони Евреи кои починале.

Кобајаши испратил пораки за извинување, но таа не беше доволна за да остане директор на церемонијата на Летните Олимписки Игри.