Норвешка ја доби биатлонската штафета пред Франција и разочараната Русија

Норвешка

Со време од 1:19.50 часа, норвешката репрезентација во биатлон победи на трката 4х7,5 километри и го освои златниот медал.

Последен низ целта за Норвежаните мина Ветле Сјастад Кристијансен. На второто место се пласира Франција, а бронзениот медал заврши во рацете на рускиот национален тим.

За норвешкиот натпреварувач Јоханес Тингес Бо ова е трето олимписки злато во Пекинг.

Норвешка води во освоениот број на медали, и ова одличје само ќе ги подобри на врвот на листата на освојувачи на медали на Зимските Олимписки Игри во Пекинг.