Нисканен најбрз на крос-кантри трката на 15 километри

Финска

Ливо Нисканен од Финска го освои златниот медал на корс-кантри трката на 15 километри на Зимските Олимписки Игри во Пекинг.

Веќе знатниот на двојно пократката делница, Александер Болшунов од Русија заврши со второ најбрзо време и се израдува на среброто. Пиедесталот го пополни Норвежанецот Јоханес Клаебо.

Овој медал е втор на овие игри за Нисканен и трето олимписко злато во кариерата. 30-годишникот двапата беше на највисокото место на пиедесталот на Игрите во Пјончанг пред четири години. Нисканен тогаш победа во машкиот тимски спринт и во трката на 50 километри. Оваа дисциплина (15 километри) најмногу му лежи и веќе има светска титула од шампионатот во Лахти во 2017 година. 

Ливо влезе во историјата, бидејќи донесе втор медал за семејството Нисканен на иста Олимпијада. Имено, неговата сестра Керту веќе освои медал во Пекинг и двајцата се само четврти пар на брат и сестра со медали на исти Олимписки Игри. Претходно семејни медали освојуваа Јаница и Ивица Костелиќ, Ерик и Бен Хајден и Андреас и Хани Венцел.