Најголемиот олимписки тим брои 653 учесници, а најмалиот - само ЕДЕН!

Вечерашното свечено отворање на Олимписките игри во Париз ќе ни прикаже дефиле на околу 10.500 спортисти, кои пристигнаа во „градот на светлината“ од вкупно 206 држави во светот. 

Ова ќе претставува најголем планетарен спортски собир во историјата, а сите национални тимови допатуваа со различен број на учесници. Има земји кои имаат огромни експедиции, а најголема од сите е онаа на Соединетите Американски Држави, кои допатуваа со вкупно 653 спортисти!

Веднаш зад американците е Франција со 622 учесници, а потоа следуваат Јапонија (422) и Кина (405). Меѓу земјите со најмалубројни делегации се Сомалија, Бурунди, Лихтенштајн и Наури, кои имаат само по еден претставник. 

Од поранешните југословенски простори, најбројна е српската делегација со вкупно 122 членови, потоа следува Словенија со 90 луѓе, Хрватска има 74, Црна Гора има 19, Македонија учествува со седум спортисти, додека Босна и Херцеговина има само пет.