МОК со финансиска поддршка за системска промена: 15 федерации добиваат суб-грантови

Вчера, во СЦ Јане Сандански, Македонскиот олимписки комитет заедно со партнерите го одржа настанот за проектот„Фер игра“, каде беше презентирано истражувањето за родова еднаквост и инклузивност во спортот.

На настанот се најави дека 15 национални спортски федерации ќе добијат суб-грантови од 6.700 евра. Федерациите веќе добија информации за критериумите, процесот на аплицирање и роковите. Поддршката е наменета за активности што промовираат родова еднаквост и вклучување на жени – вклучително и жени со попреченост – во спортското лидерство

Од Олимпискиот комитет информираат дека ова е чекор напред кон пофер и поинклузивен спорт во Македонија.