• Зоран Мишевски
Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) заедно со општината Кочани и учениците и наставниот кадар од основното училиште „Кирил и Методиј“ успешно го организираа олимпискиот ден 2024.
Димевски оствари средба со градоначалникот на град Кочани, Љупчо Папазов, каде разменија мислења во насока на подобрување на условите за спорт во општината.
Присутните ги поздрави претседателот на МОК, Даниел Димевски и директорот на ОУ „Кирил и Методиј“, кој истакнаа дека е чест што овој настан се одржува во Кочани, поради тоа што општината многу вложува во спортот, но и поради фактот што овој град дал многу врвни спортисти и олимпијци. Организирајќи го олимпискиот ден во Кочани, кој стана град кој е дел од целокупното светско олимписко семесјтво кое ширум светот организира вакви манифестации и настани.
Во Кочани беше организиран и натпревар по литература и уметност, на кој беа одбрани најдобриот состав на тема oлимпизам, спорт, фер-плеј како и најдобриот цртеж на истата тема.
Исто така, претседателот на МОК, Даниел Димевски и генералниот секретар, Сашо Поповски разговараа со спортските административци од Општина Кочани како многу поуспешно да се развива спортот на локално ниво со давање на позитивни примери од соседните држави во однос на нивниот закон за спорт и како истите да бидат адаптирани.