ИОК одлучи: Нема доделување медали, ако Валиева е на пиедесталот

Камила

Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) донесе одлука дека нема да има свечена церемонија, доколку младата Камила Валиева од Русија освои одличје.

Медали нема да се доделуваат и ако руската репрезентација, заедно со 15-годишното чудо од дете, заврши на победничкиот подиум.

Валиева на крајот на декември била позитивна на допинг, а лабораторијата од Стокхолм по тимскиот натпревар објавила дека користела триметанезин, кој е забранет од 2014 година. Судот за спортска арбитража (ЦАС) претходно одлучи да му дозволи на Русинката да се натпреварува во поединечна конкуренција.

Истрагата околу случајот на Валиева се очекува да трае неколку месеци по завршувањето на Зимските Олимписки Игри во Пекинг.