Милијана Релиќ освои нов медал и е сѐ поблиску до Олимписките игри во Лос Анџелес!

Милијана Рељиќ е сѐ поблиску до Олимписките игри во Лос Анџелес. Македонската таеквондо натпреварувачка освои нов медал на престижниот меѓународен турнир во Инсбрук, Австрија, носејќи нов огромен успех за себе и нејзиниот тим. 

Нејзиниот тренер, Александар Ефтимов, изјави дека ова е одличен резултат кој носи нова радост и гордост за целиот клуб.

„Како нејзин тренер сведочам за нејзината истрајност, посветеност и дисциплина. Секој тренинг, секоја борба, секој пад и секое станување се дел од патот што води до Олимписките игри 2028 година во Лос Анџелес. По ова, продолжуваме со истата страст и поголема мотивација, заклучува Ефтимов.

Со овие освоени поени Рељиќ се приближува до Олимписките игри и може да биде дел од нашата експедиција во Лос Анџелес.