• Иван Димовски
Македонската такевондистка Мила Рељиќ се закити со златен медал и стана европска клупска шампионка во албанскиот главен град Тирана.
Без загубена рунда и со четири победи на првенството во Тирана, Македонката дојде до златниот медал, победувајќи ја во финалето квалитетната Јулија Шпак од Полска. Одлични вести доби Мила Рељиќ и по освојувањето на турнирот.
Македонскиот олимписки комитет соопшти дека Рељиќ доби покана од Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) за настап на Олимписките игри во Париз ова лето.
Така, младата спортистка ќе биде една од неколкуте македонски олимпијци во француската претсолнина.