• Зоран Мишевски

Македонската олимписка делегација пристигна во алжирскиот град Оран, каде за два дена започнуваат Медитеранските игри. По долгиот пат голем дел од нашите спортисти добија одмор од своите тренери и стручни штабови, но ракометните и одбојкарските репрезентации ги реализираа првите тренинзи.
Наш најголем адут на овие игри е претставникот во текводно, Дејан Ѓоргиевски. Токму Георгиевски, заедно со каратиската Симона Заборска, ќе го носат македонското знаме на отворањето на игрите.
Македонската делегација ќе брои 114 лица, од кои 77 спортисти кои ќе се претстават во десет спорта: ракомет (мажи и жени), одбојка (мажи и жени), теквондо, џудо, карате, борење, пливање, стрелаштво, атлетика и мечување.
На минатите игри во Тарагона, Шпанија, освоивме шест медали.











