Македонските спортисти ги почувствуваа олимписките борилишта

Сите македонски олимпијци пристигнаа во Токио и веќе започнаа со тренинзи пред своите официјални натпревари. Сепак, првата активност е церемонијата на свеченото отворање, закажана за в петок претпладне по средноевропско време. Националното знаме на Македонија на свечената церемонија ќе го развеат Арбреша Реџепи и Дејан Георгиевски. 

Осуммината наши спортисти ги почувствуваа олимписките борилишта и веќе ги споделија првите впечатоци по пристигнувањето во Токио.

Македонија ќе има осуммина претставници и тоа двајца пливачи, а по еден таеквондист, атлетичар, џудист, каратист, стрелач и борач. На списокот се најдоа двајца пливачи Блажевска-Еминова и Деркоски, Нуров во слободен стил на борење, Бранковски во спортско стрелаштво, каратистката Јованоска, таеквондистот Георгиевски, џудистката Реџепи и атлетичарот Стојоски.

Македонските спортисти освоиле дванаесет олимписки медали и тоа сите на Летна Олимпијада: две злата, пет сребра и 6шест бронзи. Повеќето од медалистите се членови на „Клубот на великаните" на МОК, што претставува посебна чест за секој спортист и спортски работник во нашава земја. Строгите критериуми, досега ги исполниле 17 спортисти и спортски експерти. Секој член на „Клубот на великаните" добива статуа, златен прстен и значка.

Освојувачи на медали на олимписки игри се:
Благоја Видиниќ – ЛОИ Мелбурн - 1956 – сребрен медал
Благоја Видиниќ – ЛОИ Рим - 1960 – златен медал
Благоја Георгиевски – ЛОИ Монтреал - 1976 – сребрен медал
Аце Русевски - ЛОИ Монтреал - 1976 – бронзен медал
Шабан Сејдиу - ЛОИ Москва - 1980 – бронзен медал
Шабан Сејдиу - ЛОИ Лос Анџелес - 1984 – бронзен медал
Азис Салиху - ЛОИ Лос Анџелес - 1984 – бронзен медал
Милко Ѓуровски - ЛОИ Лос Анџелес 1984 – бронзен медал
Реџеп Реџеповски - ЛОИ Лос Анџелес - 1984 – сребрен медал
Шабан Трстена – ЛОИ Лос Анџелес - 1984 – златен медал
Шабан Трстена – ЛОИ Сеул - 1988 – сребрен медал
Стојна Вангеловска - ЛОИ Сеул - 1988 – сребрен медал
Могамед Ибрагимов - ЛОИ Сиднеј - 2000 – бронзен медал