Македонската делегација во друштво на Ѓоковиќ: Си посакавме златни медали со Новак

Најдобриот тенисер на АТП листата и овосезонски освојувач на Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон, Новак Ѓоковиќ е една од најголемите ѕвезди на Летните олимписки игри во Токио.  

Во отсуство на Федерер и Надал, фокусот на е ставен токму кон српскиот ас, кој е „магнет“ за фотографирање и разговор кај сите останати спортисти кои се дел од овој голем собир. Синоќа, таеквондо тренерот Дарко Костовски ја имаше таа среќа и задоволство да се фотографира со големиот шампион и фотографијата ја овековечи на социјалните мрежи.

„Си посакавме златни медали со Новак. Поддршка за Деки и Македонија од врвниот светски спортски ас“, напиша Костовски. 

Костовски во Токио ја има улогата на тренер на Дејан Георгиевски, кој своето историско деби на ЛОИ ќе го има против Рафаел Алба од Куба, инаку светски шампион во 2013 и 2019 година.