• Зоран Мишевски
Првиот човек на светската атлетика, Себастијан Коу, мултимилjaрдерот Јохан Елиаш и министерката за спорт на Зимбабве, Кирсти Ковентри се најсериозни кандидати на претседателските избори за прв човек на Интернационалниот Олимписки Комитет следната година.
Потпретседателот на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК), Хуан Антонио Самаранч, инаку син на истоимениот поранешен претседател на ИОК, шефот на меѓународниот велосипедизам Дејвид Лапартиент, принцот Фејсал Ал-Хусеин од Јордан и шефот на меѓународната гимнастичка федерација, Моринари Ватанабе, исто така се во трка за наследник на актуелниот претседател Томас Бах.
70-годишниот Германец се повлекува од функцијата следната година. Изборот ќе се одржи на седницата на ИОК во античка Олимпија, Грција во март 2025 година.