Квентин Фијо Маје го освои петтиот медал и испиша историја на ЗОИ

Фрацускиот скијач Квентин Фијо Маје испиша историја откако го освои и петтиот медал на Олимписките игри во Пекинг во биатлонските трки.

29-годишникот се закити со одличја во сите пет конкуренции во кои се натпреваруваше. Фијо Маје денес стигна до среброто во мешаната штафета со Франција, претходно беше втор на поединечниот спринт и машката штафета. Покрај тоа, Фијо Маје го освои златото во биатлонот и пурсуит трката, завршувајќи ги Игрите со огромен успех. 

Освен тоа што стана прв олимпиец кој освоил медал во сите конкуренции во кои се натпреварувал, Фијо Маје е прв по 1980 година кој освоил пет медали. Претходно тоа му појде од рака на Лејк Пласид пред 44 години.