• Саше Љолес
Денес беа извлечени и групите за кошаркарскиот и ракометниот турнир кои ќе се одиграат во рамки на Меѓународниот младински олимписки фестивал.
Како што е веќе познато, Скопје ќе биде домаќин на важен спортски настан, а нашите селекции ги дознаа своите противници во машка и женска категорија.
Кај младите кошаркарки Македонија ќе ги одмери силите против Германија, Белгија и Финска, додека во машка конкуренција ќе се соочиме со Летонија, Турција и Франција.
На ракометниот турнир момчињата се во група со Шпанија, Исланд и Хрватска, а младите дами ќе се натпреваруваат со Исланд, Норвешка и Швајцарија.