Кошаркарите донесоа бронза од Светските училишни игри во Златибор

Завршија натпреварите во кошарка и одбојка до 18 години на Светските училишни игри за основни и средни училишта во Златибор. Кошаркарите уште еднаш го потврдија својот квалитет и се враќаат дома со бронза. 

Одбојкарите и одбојкарките исто така одиграа добар турнир и нијанси ги делеа од медал. 

Кошарка У18 (м) - Македонија - трето место
Одбојка  У18 (м) - Македонија - петто место
Одбојка  У18 (ж) - Македонија - шесто место

Натпреварувањата продолжуваат во наредните неколку дена, со реални шанси за освојување на уште некое одличје.