• Саше Љолес
Американската тенисерка Коко Гоф ќе биде знаменосецот на Соединетите Американски Држави на Олимписките игри и ќе му се придружи во првиот ред на кошаркарот Леброн Џејмс.
Свеченото отворање ќе се одржи в петок, а Гоф ја доби големата чест да го носи знамето заедно со ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс. Таа е актуелна шампионка на УС Опен и ќе биде прва тенисерка во историјата која ќе го носи знамето на Олимписките игри.
Коко Гоф беше и во олимпискиот тим на Игрите во Токио, но тогаш мораше да го откаже својот настап поради зараза со коронавирусот. Американката е воедно втора носителка на тенискиот турнир кај дамите, веднаш зад Полјачката Ига Швјонтек.