• Саше Љолес
Поранешната пливачка од Зимбабве, Кирсти Ковентри, стана првата жена која ја доби челната позиција на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК), официјално преземајќи ја функцијата од Германецот Томас Бах.
Воедно, Ковентри е и првата жена од африканскиот континент, која станува претседател на најважната олимписка институција во светот. Има само 41 година и веќе го започна својот прв мандат, а ќе има можност евентуално да добие и втор, исто така во траење од четири години.
„Кога имав девет години, имав други соништа. Не сум помислила дека ќе бидам овде и дека ќе ја имам оваа прилика, да стојам пред вас и да ја преземам оваа функција. Ќе работам максимално за промоција на нашите агенди и за поголем развој на сите спортови“, изјави Ковентри.
Ковентри е десеттиот претседател на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК).