Катар ги сака Олимписките игри во 2032 година

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) објави дека Катар поднел кандидатура за организација на Олимписките игри во 2032 година.

Главниот град на Катар, Доха ќе застане рамо до рамо со кандидатурите на Австралија, Индија, Индонезија и Германија, кои исто така изразија желба да ја организираат најголемата спортска манифестација на планетата.

Следните Олимписки игри ќе се одржат во Токио (2021), по што следат Париз (2024) и Лос Анџелес (2028).

Катар го организираше Светското првенство во ракомет во 2015 година, а меѓу серијата спортски настани отскокнува организација на Светскиот Куп во фудбал во 2022 година.