• Иван Димовски

Јапонската гимнастичарка Шоко Мијата е исфрлена од олимпискиот тим за Игрите во Париз на својата земја. 19-годишната гимнастичарка беше капитенка на женската репрезентација на Јапонија, но исфрлена е од тимот непосредно пред Олимписките игри.
Мијата го прекршила протоколот на Олимпискиот комитет на својата земја, а поврзан со конзумирање на цигари и алкохолни пијалоци. Јапонскиот гимнастичарски сојуз потврди дека капитенката е исфрлена од тимот и се враќа во Токио поради своето однесување.
Во четврток Мијата го напушти тренинг кампот во Монако и си замина во родната земја. Самата таа признала дека ова лето користела алкохолни пијалоци и запалила цигара, а такво нешто е забрането во Јапонија за лица помлади од 20 години.