• Зоран Мишевски

Со победа на квалификациската група во Атина, грчката кошаркарска репрезентација обезбеди пласман на олимпискиот турнир во Париз. Тоа ги смени плановите на Грчкиот Олимписки Комитет.
Кошаркарската ѕвезда Јанис Антетокумпо ќе биде грчки знаменосец на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз, соопшти денеска грчкиот олимписки Комитет. Во улогата на знаменосец ќе биде придружуван од Антигони Дрисбиоти, поранешната двократна европска шампионка во брзо одење.
Играчот на Милвоки Бакс двапати беше прогласен за МВП во НБА лигата, во 2019 и 2020 година, и еднаш во финалето на НБА кога тимот ја освои шампионската титула во 2021 година. Играчот на Милвоки Бакс беше прогласен за МВП на НБА двапати, во 2019 и 2020 година, и еднаш во финалето на НБА кога тимот ја освои шампионската титула во 2021 година.