Италија најуспешна нација на Европските Спортски Игри во Краков

Во неделата во Краков официјално завршија Европските Спортски Игри. Италија е најуспешна нација на Игрите на кои настапија 7.000 спортисти од 48 земји.

Италијанските спортисти на Игрите што од 22 јуни до 2 јули се одржаа во полската покраина Шлезија освоија дури 100 медали, од кои 35 златни. Второто место според бројот на златни медали го поделија Шпанија и Украина, по 21 одличје, додека втора најуспешна нација според освоени медали е Германија со 63 одличја.

На Европските игри настапија и 17 македонски спортисти во седум спортови.

Со медал се закити таеквондистот Дејан Георгиевски, кој во категоријата над 87 килограми освои сребро.