• Саше Љолес
Кошаркарот на Бруклин Нетс, Денис Шрудер, официјално ќе биде знаменосец на Германија на отворањето на Олимписките игри во Париз.
НБА ѕвездата доби огромна чест од својата родна земја и ќе биде првиот црномурест спортист кој ја преставувал Германија во првиот ред на најспектакуларниот собир на планетата. Заедно со него ќе предничи џудистката Ана Марија Вагнер, а во најтесната конкуренција беа уште тенисерот Александар Зверев и фудбалерката Александра Пол.
Шрудер минатата година беше МВП на Светското првенство, каде Германија го освои златниот медал, додека Вагнер има две светски злата и две брозни од последните Олимписки игри.