• Горан Упале
Шетал Деви од Индија со својот сонародник Ракеш Кумар го освоија бронзениот медал во стрелаштво на Параолимписките игри во Париз.
Деви не само што беше најмлада во тоа натпреварување, туку стана апсолутен хит и миленичка на спортската јавност. Причината е што таа е единствената натпреварувачка која што стрела без раце.
Таа реши да се занимава и со спорт во кој техниката е од големо значење, а при еден настап во Париз забележа совршен удар. И стана инстант вирален хит на Интернет.
Only 17-years-old!!
Sheetal Devi hit a perfect bullseye for Team India at the Paralympic Games
She is the first female archer without any upper limbs with an international title.
Greatness isn’t about the absence of obstacles, but the ability to rise above them pic.twitter.com/iXwxE53Oh6
— Thomas Hal Robson-Kanu (@RobsonKanu) September 3, 2024
Ова мало девојче е родено во 2007 година со фокомелија, пореметување кое се карактеризира со отсуство на делови од рацете или нозете. Во нејзиниот случај, поради неразвиеноста на надлактицата или подлактицата, раката е прикачена директно на рамото.