Гут-Бехрами не ѝ даде шанса на конкуренцијата на „супер-џи“ трката

Гут

Лара Гут Бехрами е победничка на „супер-џи“ трката на Зимските Олимписки Игри во Пекинг.

Швајцарската скијачка се закити со златниот медал пред Мирјам Пухнер од Австрија и нејзината сонародничка бронзената Мишел Гисин.

Гут досега се радуваше на два бронзени медали на Олимпијадите. Ова за неа е прво злато и најголем успех во кариерата. Швајцарката минува одлична сезона во Светскиот Куп и ова злато е само потврда на нејзината форма.

Ова е втор олимписки медал за 30-годишната Швајцарка, која веќе освои бронза во Пекинг.