• Саше Љолес
Легендарната српска атлетичарка, Ивана Шпановиќ, најверојатно ќе ги пропушти Олимписките игри во Париз, откако заработи незгодна повреда на тетивата и со големи болки го напушти митингот во Италија.
„Не би сакале да влегуваме во дополнителен ризик, па затоа решивме да го прекинеме настапот во Италија. Ивана се пожали на болки во Ахиловата тетива на десната нога и мислам дека тоа е повеќе од доволен знак.
Нејзината потколеница е во добра состојба, но имаше проблеми при скокот и затоа решивме да се повлечеме“, рече нејзиниот тренер, Горан Обрадовиќ.
Информацијата дојде како голем шок за сите искрени навивачи во Србија, кои очекуваа Шпановиќ повторно да оствари добар резултат на Игрите во Париз. Шпановиќ е актуелен светски шампион во скок во далечина, трипати триумфираше на Европското првенство во сала, двапати беше светски шампион во сала и уште петпати го освојуваше златото во Дијамантската лига.
Нејзин најдобар скок во кариерата е со должина од 7,24 метри, што претставува трета најдолга дистанца во историјата.