• Иван Димовски
Германската влада ќе направи сè што е во нејзина моќ за да формира кандидатура за организација на Летните Олимписки Игри во 2040 година, која не може да се одбие.
Се подготвува посебна декларација во Германија и веќе сега ќе се почне со подготовки за игрите. Единствената дилема на Германците е дали да испрати кандидатура за Игрите во 2036 (стогодишнина од Олимписките игри во Берлин во 1936 година) или пак за оние во 2040 година. Владеачката коалиција издвои 2,2 милиони евра за процесот за пријавување за организација на Олимписките и Параолимписките игри.
Германскиот олимписки спортски одбор (ДОСБ) откри дека на почетокот на 2025 година ќе изнесе официјален став за кои игри ќе аплицира, а исто така ќе се одредат и потенцијалните домаќини.
Заинтересирани за домаќинството засега се Берлин, Хамбург, Лајпциг, Минхен и Рурската област. Последните кандидатури на Германците за организација на Зимските Олимписки игри во Минхен во 2022 година и летните во Хамбург ова лето беа запрени со референдум.
Инаку, Олимписките игри започнуваат официјално в петок во Париз, следните за четири години ќе се одржат во Лос Анџелес, а во 2032 домаќин ќе биде Бризбејн.