• Саше Љолес
Француските власти се пофалија со ново инфаструктурно чудо кое успеаја да го комплетираат пред почетокот на Олимписките игри во Париз.
Дел од кошаркарскиот турнир ќе се одигра на стадионот „Пјер Моро“, во кој последниве две години се вложени околу 600 милиони евра. Спортскиот дом на фудбалскиот клуб Лил ќе нагости неколку кошаркарски репрезентации, а на овој стадион има една новина која ретко се гледа ширум светот.
Под теренот, односно под тревната површина има голема празнина од неколку метри. Со давање команда, половина од игралиштето се преклопува врз другиот дел, а на слободниот простор се поставува паркет и сета неопходна опрема за одигрување кошаркарски меч.
Реализацијата на овие натпревари не би била возможна и без лизгачкиот покрив, на кој му се потребни максимум 15 минути за да се затвори. Во овој случај, стадионот се претвора во сала, каде можат да се играат кошаркарски и ракометни натпревари.