Фановите се шегуваат: Турција испрати ладнокрвен убиец на ОИ во Париз? (ВИДЕО)

Турскиот олимпиец, Јусуф Дикеч, го освои сребрениот медал на Игрите во Париз во дисциплината стрелање со пиштол, а јавноста не престанува да зборува за неговиот лежерен стил и тој стана вистински хит на социјалните мрежи. 

Турскиот тим загуби во финалето од Србите Зорана Арауновиќ и Дамир Микец, но најголем впечаток остави ставот на Дикеч, за кого дел од публиката се шегува дека има стил на ладнокрвен убиец. 

Дел од најшеговитите коментари велат дека „никој не би сакал да се натпреварува со Дикеч“ или дека “овој човек би можел да работи за тајните служби“. Шегата на страна, сепак се работи за искусен стрелач кој во кариерата има освоено повеќе златни медали на Европските и Светските првенства.